Skip to main content

Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко мочуриште

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад хоминем напади да се догребе до некоја сламка за спас“, изјви премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион.

Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 посочи дека секој кој имал потреба и го запазил протоколот го користел владиниот авион.

Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу бидејќи имате обврски, а од друга страна имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште. Повторно ни криви ни должни го мешаат моето семејство. Моето семејство беше таму, им се придружив, наместо три останав четири дена и пред нив се вратив со шефот на моето обезбедување“, рече Мицкоски во однос на патувањето со владиниот авион во Сплип покажувајќи лист од барањето за патувањето.

Мицкоски додаде дека сега повторно ќе треба да се извинуваат, осудени се во неколку наврати како политичка партија дека клеветат и дека лажат.

Премиерот посочи дека во изминатите 20 месеци од опозицијата не слушнал ништо освен лаги и лични навреди.

Ние како опозиција имавме политики кои ги нудевме како решение“, рече Мицкоски. 

Поврзани вести