
Да им се заблагодарам на здравствените работници за пожртвуваноста која што ја манифестираат, да се заблагодарам на соседите и на сите земји кои што излегоа во пресрет и прифатија дел од пациентите, на оние кои што испратија свои медицински тимови овде кај нас во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој најави дека борбата ќе продолжи и во деновите кои што следат.
Министерот напомена дека сите оние кои што биле во или околу објектот на овој ужасен настан да се пријават на лекар и да побараат медицинска помош, затоа што може да има ефекти после неколку дена. Така што да следиме како ќе се развива состојбата, се прават натчовечки напори за да бидат сите пациенти стабилни и да си отидат дома во полна здравствена кондиција и состојба.
Така што јас уште еднаш сосема на крај, да ви кажам дека како Влада остануваме фокусирани, сега во 14 часот имаме повторно состанок во рамките на владата кај мене, за активностите кои што следат. Потоа во 17 часот имам уште еден таков состанок, така што тоа што го кажуваме, тоа и ќе го правиме во периодот кој што следи – вели Мицкоски.
На крај додаде:
Благодарност до сите кои што се хумани, сакаат да помогнат. После денешниот состанок ќе има и начин како таа помош може да се канализира, сметка за донации итн. Така што јавноста благовремено ќе биде информирана за чекорите кои што ќе следуваат.