
Премиерот Христијан Мицкоски присусуствуваше на одбележувањето на Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во Кавадарци. Тој изрази благодарност за пожртвуваноста и професионализмот на оваа единица.
Денеска го одбележавме Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Оддаваме почит за посветеноста и храброста на сите припадници на оваа единица, кои се еден од столбовите на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата, објави премиерот на својата Фејсбук страница.
Мицкоски додава дека нивната пожртвуваност и професионализам се пример за сите нас и потсетник дека мирот и безбедноста што ги уживаме се резултат на нивната постојана подготвеност и несебична жртва.
Благодарност за нивната служба и посветеност кон граѓаните и татковината, напиша Мицкоски.
Дваесет и четири годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување, беше одбележана вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци. На плоштадот и во општинската зграда беше изведена и тактичко – показна вежба.