Skip to main content

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со Македонија

Facebook / Péter Magyar

Победникот на изборите во Унгарија, Петар Маѓар, изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и со другите држави кои и досега имаа стратегиско пријателство со Унгарија.

Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат. Мислам дека е во интерес на сите да работиме заедно во наш заеднички интерес, за економски проспертитет и развој. Повторувам, нема да се мешаме во внатрешните работи на други држави и нема да влијаеме врз вашите избори, дали во Македонија или на други места“, изјави Маѓар на прес-конференција одговарајќи на прашање на грузиски новинари за односите на нивните две земји.

Поврзани вести