
Лицемерно е после ветувањето за студентските градови и домови низ државата, СДС да зборува за младите. Ниту со прст не мрднаа, ниту еден проект не реализираа за младите. Единствено одредени млади купуваа трговци центри, а останатите си заминуваа, изјави Конески од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС ги остави младите и студентите понижени и посрамотени, откако им ветуваа брда и долини на истите. Од студентски градови и домови, до покачени стипендии и поддршка. Не само што ништо не исполнија, туку и дел од овие ветувања и ги укинаа.
Затоа младите и не им даваат поддршка на СДС и јасно ќе го повторат тоа на претстојните локални избори. Младите знаат кој е нивниот вистински партнер, а тоа е Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
250 евра ваучери за електронски уреди за сите студенти, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис, 10 илјади евра за млад земјоделец, во текот на мандатот ќе бидат реконструирани 9 студентски домови низ државата, реконструкција на ФИНКИ и на ФФК, како и спортската сала во кругот на УКИМ. Се покачуваат стипендиите за студентите, се прошири опсегот на субвенциониран студентски оброк, нов факултет во Штип и студентски дом, се дел од проектите кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презема по само една година владеење, за поддршка и стимулирање на младите.
Ова е само дел од огромната разлика која ја правиме во однос на младите. Ако претходно младите гледаа излез од оваа држава, сега имаат надеж дека може подобро и дека можат да останат и да творат тука“, изјави Конески.