
Во едно демократско општество какво што сакаме да бидеме, следење и прислушкување на опозициски лидер, бизнисмени и новинари е сериозен удар и закана врз слободата и довербата во институциите.Кога службите што треба да ја гарантираат нашата безбедност биле злоупотребувани за лични и политички цели преку неовластено следење и прислушкување на политички опоненти и неистомисленици, тогаш се губи довербата во целиот систем., бара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Јавноста мора да знае

Тоа не е само нарушување на приватноста и кршење на законите, туку и опасен преседан што ја подрива демократијата и државата.
– Кој, како и зошто во ОЈО дозволил злоупотреба и неовластена употреба на ПИ мерки?
– Зошто и за која цел биле прекршени законски пропишаните процедури?
– Дали токму затоа СДС и ДУИ во Собрание НЕ гласаа за недоверба и смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски?
Токму затоа, уште еднаш го повикуваме обвинителството веднаш да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага, за да добиеме гаранција дека секој граѓанин ќе биде заштитен од ваква брутална злоупотреба на механизмите и системот.