Skip to main content

Мицковски за СДСМ: Митските будали од Фондацијата се скроз одлепени

По серијата контроверзни изјави поврзани со ликот и делото на Гоце Делчев, реагираше поранешниот функционер на СДСМ, Ивор Мицкоски, кој упати остри критики кон дел од партиските настапи.

Реакцијата на Мицкоски следува по изјавата на Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, кој во јавен настап изнесе ставови дека Делчев не одиграл значајна улога за македонскиот идентитет, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Дополнително, Мицкоски се осврна и на јавните настапи на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека дел од политичките пораки поврзани со историските теми излегуваат надвор од вообичаениот политички дискурс и отвораат простор за нови поделби.

Во неговиот коментар, Мицкоски упатува критика дека во партијата, како што вели, постои отстапување од историскиот консензус околу македонските револуционери, што дополнително ја засилува политичката тензија околу одбележувањето на Делчев.

Овие реакции доаѓаат во период на засилени политички преписки околу начинот на кој се толкува историското наследство, при што јавноста останува поделена околу границата меѓу слободата на говор и почитувањето на националните симболи.

Мицковски напиша:


Комплет се одлепени од Фондацијата.

Нивната последна тешкашка аквизиција се истопоруе дека Гоце бил мит, што и дури и да е така, пошто секој национален наратив е митски, ама треба да си митска будала тоа да го збориш како политичар.

После треба валјда и да бидеш некоја величина за да вербално се рваш со национални митови.

И конечно на крај излага неговиот претседник и вика: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО!

Митски будали…

Поврзани вести