Skip to main content

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август

Претседателот на Собранието Африм Гаши при денешната посета на Тетово на новинарските прашања најави дека локалните избори ќе се распишат во првата половина од август. Според него тој период претставува законски утврден термин.

Очекуваме и чекаме уште малку да видиме дали може да донесеме закони и да не попречиме во работата на другите институции. Ќе гледаме да ги искористиме максимално овие денови. И во утврден датум каде што е во рамките на законските термини ќе ги распишеме изборите но тоа ќе биде во прва половина од август, истакна Африм Гаши кој имаше средба Биљал Касами, градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса.

Касами на новинарско барање ги коментираше одлуките на раководството на ДУИ како кандидати за градоначалници да ги номинира во Тетово, Бајрам Реџепи и во Чаир, Бујар Османи. Јас гарантирам дека кадидатите на „Вреди“ кој да биде и за Тетово и за Чаир ќе бидат далеку подобри ќе бидат кандидати на граѓаните и за граѓани, оцени Касами.

Ако кажам од позицијата која ја има во партијата, тој е втор човек после Ахмети но реално не е тоа што очекуваа граѓаните од Тетово од ДУИ и од нивната коалиција. Оценуваме дека ДУИ има многу други подобри кандидати, но сепак е нивна одлука. Ако ми се даде мене можноста за Тетово, сигурно дека ќе имаме што да понудиме. За нас е важно да продолжиме да бидеме 24 часа во служба на граѓаните, а граѓаните се тие кои ќе одлучат дали ќе прифатат една или друга опција. Во Чаир исто така ценам дека Бујар Османи не е соодветен кандидат, ДУИ исто и таму има подобри можности, но тоа е нивна одлука, посочи Биљал Касами.

Африм Гаши во Тетово покрај средба со Касами има предвидено разговори со раковидители на повеќе установи, а ќе ја посети и канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните.

Поврзани вести