Македонските функционери во февруари нема да добијат зголемени плати откако собраниската Комисија за избори и именување ја изгласа одлуката за намалување на коефициентите за утврдување на нивните плати.
Со одлуката изгласана од 11 членови на комисијата се спречува зголемувањето на платите коешто би било предизвикано со примената на досегашните коефициенти. Платата на македонските функционери се определува така што просечната годишна плата од претходната година се множи со коефициент кој варира според сложеноста на работното место.