
Поранешната најдобра светска тенисерка Серена Вилијамс заедно со Каролина Мухова го завршија настапот на ВТА турнирот во Берлин. Тие попладнево загубија од мексиканско-новозеландската комбинација Џулијана Олмос и Ерин Рутлајф со 2-0 во сетови. Двата сета победничките ги добија со 6:4 во гемови.
Серена Вилијамс ова беше турнир на тревната подлога и треба да послужи како подготовка за претстојниот Гренд слем турнир Вимблдон.
Таа на неофицијалното Светското првенство во двојки ќе настапи со нејзината сестра Венус.
Серена има освоено 14 Гренд слем титули во кариерата, а последната пред десет години токму на Вимблдон

Македонски



