Skip to main content

Силна Франција против Сенегал

Репрезентацијата на Франција без поголеми напори стигна до победата над Сенегал со 3:1 на првиот натпревар од Светското првенство. Со оваа победа „триколорите“ покажаа дека се подготвени за ново финале како на претходното СП во Катар 2022 година.

По скромното прво полувреме фаворитот Франција поведе со голот на капитенот Килијан Мбапе, на асистенција на Мајкл Олисе. „Триколорите“ победата ја најавија со голот на Фреди Баркола во 82.минута, кој само што влезе во игра и ја искористи асистенцијата на Адриен Рабио. Во судиското продолжение Сенегал намали преку Ибрахим Мбаје во 90+5 минута, а Мбапе уште еднаш ја затресе мрежата на противничкиот голман во 90+6 минута

Поврзани вести