Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче додека му го чува столчето на Заев смислува начин како да ги инвестира парите од тендери и провизии низ Дубаи

Венко Филипче уште живее во партискиот меур каде, додека му го чува столчето на Заев, смислува начини како да ги инвестира парите од тендери и провизии низ Дубаи.одека бара начин да се факторизира на политичката сцена смислува небулозни тврдења за тоа како да сме го фателе „возот за Европа“, обидувајќи се на тој начин повторно да ги врати политичките тензии и реторики на неговиот ментор Заев, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче треба да знае дека нему и на СДС одамна му заминаа сите возови, народот тоа им го соопшти на последните избори, и сето тоа додека со Заев го распродаваа македонскиот национален идентитет и ја осиромашуваа државата.Филипче самиот потврди дека не чувствува вина за случајот Онкологија, дека граѓаните не му се важни, а единствена грижа му е бизнисот со Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче не покажа ниту грам човечност ниту за случајот модуларна, ниту за Онкологија и токму затоа треба да си замине од политичката сцена.

Фото: СДСМ

ПОЖкажа само интерес за провизии и матни зделки и во време на ковид кризата, додека граѓаните беа оставени сами на себе а медицинските работници останаа без медицинска опрема, маски, ракавици.

Филипче беше најлошиот министер за здравство во историјата на македонското здравство и токму затоа и треба да си поднесе оставка и да замине во историјата на политичката сцена.

Филипче и СДС се синоним за криминал корупција и предавства.

Поврзани вести