Во моментов ниту еден не е сопственик на Соравија, ниту јас, ниту Хано Соравија нити пак Ник Назар Мехмети, вели во интервјуто за „Република“ внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Тој признава дека во овој случај работите се премногу комплицирани.
Да, комплиирани се. Бидејќи во Македонија луѓето мислат дека секоја трансакција е толку проста, одите некаде како да купувате некоја мала продавница за слатки, плаќате и ја земате тапијата. Големите бизниси не функционираат на тој начин. Тоа е друга структура. Засега тапијата му припаѓа, и понатаму е на г-динот Хано Соравија. Но ние работиме на договор. Извршивме плаќања кон него и тоа е прашање на процедура, прашање на време на обработка на договорот од различни јурисдикции кои се вклучени во зделката и за неколку недели таа ќе биде затворена и ќе има нов сопственик. Овој сопственик е фонд. Тоа ќе биде структура наречена „Гондолинг капитал“, која е основана од мене, но има многу инвеститори, вклучително и институционални инвеститори. И тоа е целата приказна.