Skip to main content

Дирекцијата за заштита и спасување одбележува 21 година од постоењето

Во пресрет на одбележувањето на 21. годишнина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска директорот Стојанче Ангелов со голема благодарност се обрати до сите вработени, поранешни и сегашни припадници, а и соработници, кои со својата професионалност и посветеност придонесуваат во исполнувањето на мисијата на ДЗС. Исто така, пригодно се обратија и заменик-директорот Кашмир Салиу и повозрасните вработени, кои се дел од ДЗС уште од самото формирање. Денот на ДЗС симболично е и потсетник на важноста од заедништвото, подготвеноста и хуманоста при заштитата и спасувањето.

Во текот на изминатите две децении ДЗС континуирано ја реализира својата законска и општествена улога во развојот и унапредувањето на системот за заштита и спасување во Република Македонија преку превенција, подготвеност и координирано дејствување при природни непогоди, пожари, техничко-технолошки несреќи и други кризни состојби.

Професионалниот ангажман, одговорноста и посветеноста на вработените и припадниците на Дирекцијата претставуваат значаен придонес во заштитата на животите и здравјето на граѓаните, материјалните добра и животната средина, како и во јакнењето на безбедноста и отпорноста на државата, се посочува во соопштението од ДЗС.

Поврзани вести