
Леле леле каков дебакл. Газење. Венко бе, што направи од СДСМ, ја урниса, народски кажано и еба мамата. Кога ти викавме дека разликата е 3-1, 4-1 ти нееее. Вмровците спинувале. Веќе не сте ни втора партија во Македонија. Со што ли те држи толку Заев, какви ли бизниси се во прашање. За политика сигурно не се работи. Убаво си кажа Боки дека ти ништо не правиш за џабе и оти најмногу од се љубиш пари. Кеш. Венко уште во надмен стил вели дека резултатот на изборите не бил до толку лош и оти нема да си поднесе оставка.
Ако бе, секогаш има подолу, следен чекор е СДСМ да стане како ПАСОК во Грција , или пак од поново време како СИРИЗА на другарот на Зоки Ципрас со кого го сменија името на Македонија, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
По 20 години падна бастионот на кланот Заеви. Ароганцијата на Зоки и Венко ја изгуби и Струмица, поточно им ја дадоа на вмровците. Она детено на Заев, што си ја чешлаше косата како Зоки и го имитраше во говорот сега им фаќа сеир. Косте излезе попаментен од сите нив и од него мора да почне расчистувањето на целиот смет на Бихачка. Еве Костадинов побара СДСМ да се ребрендира. Еве еден од предлозите би бил сдсмовско дувло, или СДСМ -Само да се сади марихуана, Место роза на на грбот може да имаат канабис.

Уште потрагично за СДСМ е она што се случуваше во градот Скопје. Каја навистина се кае што се нафати да биде кандидат на Венко. Освен ако добро не си го наплатила. Или пак во Карпош. Докторката Маја Мојсова во кампањата се однесуваше како портпарол на Стевче Јакимовски, а оние од СДСМ дури и не ја рекламираа. свесни дека ќе изгубат.
Што ти е карма, човекот од кој почна падот на владата на Заев , сега му пресуди и на Венко.
Во Македонија биле изрекетирани 10 милиони евра, тврди Боки. Се сеќавате на „вистината за Македонија“кога Заев пушташе прислушувани разговори за тоа кој бил со која швалерка, кој кого оговорал. Уствари Заев со тие разговори рекетирал и уценувал.

Снимките демек ги предал на онаа несреќнана Катица ама си зачувал снимки и за себе. Да му се најдат.Епа еве се најдоа, па слушнавме како Боки и Фросина зборат за оној Кирацовски како земал плик со пари од Сиљан Мицевски, како Вице имал провизија од секој ископ на јаглен во РЕК Битола. И после СДСМ изгубиле, епа како да не изгубите.Како велат, каменот доаѓа одблиску.
Е значи ќе пукнам од мака што Чаир нема да биде како Њујорк како што ветуваше Османи. Џабе го довчека оној архитектон од Мексико. Бујар европеецот, кој кампањата ја тераше како да е кандидат за премиер лабаво загуби и од Изет Меџити. Ви текнува кој ставаше вака раче на срце.

И сега, кај ви е курчот, пак пак ќе зборувате за предвремени парламентарни избори. Абе земете рефомирајте се и вие како вашите партнери од СДСМ. Остајте знамиња, орли, УЧК, српски свет. Тоа веќе не проаѓа кај обичниот Албанец. За тоа си го имате Косово. Ама ни таму не ве сакаат
Лидерот на ДУИ Али Ахмети се откажа од последниот ден од кампањата за да замине во Тирана на протест за поддршка на првите звезди на УЧК, Рамуш Харадинај, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красничи, кои се во хашките зандани без надеж дека во скоро време ќе излезат. Али беше во првите редови гордо извикувајќи „И јас сум УЧК.
Јас пак мислев дека Али е гласот на Македонците во Бугарија кои се борат да не бидат асилилирани од страна на Борисов, Радев и компанија. Или пак дека е за поддршка на Македонците во Грција кои не смеат ни да зборуваат на својот мајчин јазик. Или да не одиме подалеку. Како Ахмети не се сети да организира протест за пожарот во модуларната во Тетово кога случајно или не министер за здравство беше неговиот коалициски партнер Венко Филипче а виновник беше кабелот,коментира авторот на „5 минити со Чавез“.

Но, Али тоа не го интересира,ама за Рамуш и Тачи прв е. Ако не се решиш за предвремена пензија не е далеку денот кога ќе им се приклучиш на овие ликови во Хаг. Сигурно ќе има што да си кажете.