Skip to main content

Божинов: Владата има слух за општините, Ново Село забрзано се развива  

На Алфа телевизија во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

На самиот почеток Божинов истакна дека во општините каде што биле градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за време на владеењето на СДС имало тотална негрижа за доброто на граѓаните и дека СДС водела осветничка политика, со што тогашната централна власт не одвојувала никакви средства и помош за општините.

„Три години бевме градоначалници додека на власт беше СДС којашто граѓаните затоа и ја сменија од власт, не се грижеше за доброто на граѓаните, туку се водеше некоја осветничка политика и ние сите градоначалници коишто бевме од ВМРО-ДПМНЕ, апсолутно никакви средства и никаква помош не добив од тогашната централна власт. Се мачевме со и така малиот буџет за нашата општина, но тоа не ме демотивираше ,ме мотивираше да донесам повеќе донации за општината од странските дипломатски претставништва и од учеството на меѓугранични проекти“, рече Божинов.

Божинов објасни дека претходната власт не одобрувала никакви средства за изградбата на филтер станицата во Сушица, но и покрај тоа општината преку кредит успеала да ја изгради и како резултат на тоа граѓаните денес пијат чиста вода.

„Претходната власт 20 месеци предметот го држеше во фиока, не одобруваше никакви средства, истиот пример беше и со водоводот во Самоилово, но упорноста и решителноста дека за овие граѓани мора да добијат чиста и здрава вода за пиење, успеавме да изменаџираме да дојдеме до кредитирање, зеде општината кредит и успеавме да ја изградиме целосно новата филтер станица во Сушица и нашите сограѓани веќе пијат чиста вода“, рече Божинов.

На крајот Божинов потенцираше дека општината благодарение на унгарскиот кредит забрзано се развива, и набори дел од реализираните проекти од првиот и вториот јавен повик.

Поврзани вести