
Координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“ и пратеник од ДУИ, Блерим Беџети, во изјава за ТВ21 му порача на Артан Груби да се врати и да се соочи со органите на правдата и со законите.
Беџети кажа дека дали е чист или сторил кривично дело, треба да утврдат уставните органи во државата.
Јавно го повикувам Артан Груби во име на партијата но и од мое име да се појави пред органите на правдата за да се соочи. Тоа е поврзано со случајот со Лотарија. Како и секој граѓанин, носител на јавна функција која му била дадена, нека дојде, и дали е чист или направил прекршување на законот, ќе утврдат уставно-правните тела. Посакувам исто така да се соочат и другите“, рече Беџети.