Skip to main content

Благодарение на навремената помош успеавме да отстраниме поголеми компликации: Лекари од Србија, Израел и Чешка сведочат за трагедијата во Кочани



Благодарение на навремената помош успеавме да отстраниме поголеми компликации: Лекари од Србија, Израел и Чешка сведочат за трагедијата во Кочани

Полковник доктор Раде Вуковиќ од ВМА во Белград е анестезиолог кој меѓу првите притрча во помош.

-Нашата земја, пред се Министерството за одбрана на војската на Република Србија меѓу првите се одзва на повикот за помош на братскиот македонски народ. Беше организиран тим од лекари и техничари од ВМА со задача да ги транспортира повредените од Македонија кон нашите здравствени установи, а дел од екипата остана во Македонија и да им помогне на колегите во примарната здравствена грижа за пациентите. Јас бев на чело на тој тим и сакам да напоменам дека во исто време кога ние тргнавме, тргнаа и тимови лекари од Воената болница во Ниш со иста задача. Координацијата со колегите од македонскиот здравствен систем, како и со државните органи беше на највисоко ниво за што сме им благодарни. Така брзо можевме да започнеме со извршување на задачите, рече докторот.

Пред се би сакал да се заблагодарам на нашата министерка за одбрана која ни овозможи толку брзо да пристигнеме во вашата земја. Веже до 24 часа почнавме со нашата работа. Ги видовме првите пациенти и почнавме да помагаме. Дијагностициравме бројни проблеми, како медицински, така и персонално- технички кои постепено, во соработка со вашите доктори почнавме интензивно и ефективно да ги решаваме. За време на неколку часа успеавме видливо да го зголемуваме нивото на грижа на нивото на денешната, односно современата медицина. Благодарение на тоа, успеавме добро да третираме многубројни пациенти. А ќе си дозволам да кажам и некои да ги заштитиме. Работевме нанеколку места, во областа на управување со лекарскиот персонал, во медицинската област, изведовме многубројни операции, а помагавме и со обезбедување материјали. Решававме и за тоа кои пациенти ќе се испратат во странство. Би сакал со ова да им се заблагодарам на вашите бројни доктори кои целосно се посветија на вашите ранети деца и им го даваат најдоброто од она што го знаат. Исто така би сакал да се заблагодарам и на израелскиот тим што дојде првиот ден и почнавме интензивно да соработувме со нив. Ќе си дозволам да кажам дека ова соработка беше и повеќе од корисна и главно беше ефективна. На крај сакам да кажам дека искрено ми е жал за тоа што се случи во вашата земја. Тоа е голема катастрофа. Но благодарение на навремената помош мислам дека успеавме да отстраниме бројни компликации и дека веќе нема да има други жртви – вели полковник Радек Долежел, УВН Прага (Military University Hospital Prague)

Доктор Шахар Шапирa, заменик директор на центар за одговор на хуманитарни катастрофи, Шиба медицински центар, водечка болница во Израел беше исто така од голема помош.

Израелските доктори, кои пристигнаа во Македонија и извршија 23 операции за само 24 часа, велат дека властите одлично се справиле со катастрофалната состојба. Ова е само почетен степен, знаеме дека ќе треба да се направат дополнителни чекори за целосно закрепнување на повредените.

„Од име на израелската делегација и државата Израел, медицинскиот центар Шеба и другите водечки центри ја поддржуваме Македонија во оваа криза. Мислам дека ниедна земја не може сама да се справи со ваква катастрофа, а вие се справивте со тоа на одличен начин.“

И израелскиот професор Офер Марин, претставник на Министерството за здравство на Израел изрази искрено сочувство.

„Во овие моменти нема граници меѓу државите и тоа е предизвик за сите кои сакаат да помогнат. Израелците се привилегирани што и тие учествуваат во помошта. Сите тука не пречекаа со големо добредојде, а три дена и ноќи работевме со одлични доктори и медицински сестри за да им помогнеме на повредените.“

Поврзани вести