
На вечерашниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Центар се обрати носителот на советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, Горан Андреевски.
-Роден сум и израснат на Водно, во срцето на Центар, местото што од секогаш било мој дом, а денес е и дом на моите деца. трета генерација што ќе расне меѓу зеленилото, историјата и духот на Центар. Ова не е само мој дом, ова е нашата приказна. За мене семејството е сѐ, тие се мојот приоритет и тие ме водат во секој чекор. Затоа сакам нашите деца да растат во општина која нуди чист воздух, безбедност и можност за развој, рече Андреевски.
Тој вети дека на Центар ќе му го врати својот сјај и својата душа.
-Да бидеме пример за зелена, функционална и модерна општина Центар. Нашата визија е јасна. Повеќе зеленило и уредени јавни површини повеќе катни гаражи, транспарентност во работата и дигитализација на општината. Поддршка за најмладите семејства и поголемо внимание за постарите генерации. Како човек од спортот знам дека младите се нашата најголема сила и наша иднина, затоа ќе воведеме бесплатни програми за најмладите и ќе создадеме генерации што ќе растат со вистински вредности, рече Андреевски.