Skip to main content

Албанскиот претседател Бегај на средба со Ахмети: Албанците во Македонија, државотворен фактор

 За време на вчерашната еднодневна посета на Охрид, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, остварил средба со лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

Во објава на социјалните мрежи, претседателот Бегај го пофали придонесот на Албанците во Македонија како одлучувачки  фактор во процесите на градење на државата и во поддршката на евроатлантскиот курс на земјата.

-Секогаш е задоволство да се сретнеме и да споделиме мислења со Али Ахмети. Албанците во Македонија се одлучувачки фактор во градењето на државата и непоколебливи поддржувачи на евроатлантскиот пат на земјата, секогаш демонстрирајќи посветеност на мирот, стабилноста, соживотот и демократските вредности, напиша претседателот Бегај. 

Поврзани вести