
Затоа би сакал да упатам јасни пораки вечерва, затоа што ова е моментот и местото за оваа порака:
Порака до сите што мислат дека да се биде претседател на ВМРО ДПМНЕ е награда, титула или привилегија, денес е момент да го кажам ова јасно и гласно:Кој мисли дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал, порача Мицкоски.

Кој мисли дека функцијата се наследува заради блискост или по случаен пат, со плетење мрежи и со неконзистентност – погрешил. Кој мисли дека довчерашните субјективни заслуги ќе му донесат утрешна награда – не ја разбрал оваа партија.Мојот наследникот ВМРО-ДПМНЕ нема да биде човек што само победува во анкети, или што знае да аплаудира, Тоа ќе биде човек со ’рбет, со интегритет, со дисциплина и фокус. Ќе биде човек што знае да ја носи тежината на државата. Што знае да издржи. Што знае да прости. Што знае да биде чесен и кога боли и кога сите се откажуваат од него затоа што во моментот им е така опортуно да прават.
Наследникот мора да биде човек што ќе знае дека партијата е поголема од него, а не човек што мисли дека е поголем од партијата.
Мора да биде човек што ќе може да ја води Македонија – не во 2025 година, туку во 2050 година
Мојот наследник ќе мора да го носи овој товар со истиот мир што го носам и јас денес. Ќе мора да биде човек што може да ја води државата, а не човек што ќе ужива во раскошот на функцијата заслепен од своето его. Ќе мора да биде повикан од зрелост, а не од суетата.

Македонски







