
Во Театар Комедија течат пробите за новата премиера „Вистината“ од Флоријан Зелер. Режисерот Владимир Јурц (Словенија) и актерите од ансамблот на Театар Комедија со овој процес осмислуваат предизвик – метод на работа во кој два тима на актери/ки креираат не една туку две „Вистини“. Истата пиеса „Вистината“ наизменично на репертоарот ќе ја играат: Тања Мицков, Ева Скендеровска, Столе Мицов и Виктор Арсов; како и Кристина Христова, Благица Трпковска, Роберт Ристов и Александар Вељановски.
Костимографијата е на Маја Благовиќ, сценографијата ја подготвува Никола Николовски, автор на музиката е врвниот словенечки композитор, саксофонист и флејтист Васко Атанасовски. Автор на плакат е Воскресија Андреевска, драматург Димитар Банов, а дизајн на светло Крис Јегер.
„Вистината“ со двата тима актери се подготвува од сопствени средства и
со финансиска помош од Амбасадата на Република Словенија во Скопје.
Двете премиери на „Вистината“ се закажани за 8 и 9 мај 2025 година.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 3 април 2025 година.