
Во Драмски театар вечер Театар Пи хуманитарно ќе ја одигра претставата „Ние, луѓето“ во чест на настраданите и повредените во трагедијата во Кочани. Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје и ученици од општина Ѓорче Петров, а приходот од продажбата на билети ќе биде уплатен на хуманитарна сметка за донации.
Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, драматизација е работена по текстови на Јордан Радичков, Вилијам Голдинг и лични авторски текстови.
-„Ние,Луѓето“ се обидува да ни ја престави иднината доколку би имале шанса за чист, нов почеток. Ова е претстава за моралот, пародија, политички трактат и слатко горка визија за апокалипсата изиграна од деца, наведуваат од Театар Пи.
Претставата е финансирана со средства од Бугарската развојна помош.