
Вработените во нашиот театар изразуваат длабоко сочувство до семејствата на настраданите и се молат за што поскоро закрепнување на повредените во трагедијата во Кочани, велат од Театар Комедија.
Претставите „Ало Ало“, предвидена за 18.3., и „Арсеник и стара тантела“, предвидена за 19.3., беа одложени. Двете претстави ќе бидат на репертоар во месец април, и тоа „Арсеник и стара тантела“ на 25.4., а „Ало, ало“ на 26.4