Skip to main content

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу во КИЦ Скопје

Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар-Скопје вечер солистички концерт ќе има пијанистот Арда Мустафоглу.

Како што соопшти КИЦ, тој ќе настапи со концертна програма што спојува различни музички епохи.

Публиката ќе има можност да слушне неколку сонати од композиторот Доменико Скарлати, како и една од најимпозантните творби на Лудвиг ван Бетовен – Сонатата „Апасионата“, информира КИЦ.

На концертот ќе му се придружи и виолинистот Јаков Ангелов, со кого Мустафоглу ќе ја изведе композицијата „Чакона“ од Томазо Витали.

Поврзани вести