Skip to main content

Со настапот на Ана и Игор Дурловски, Четкар и Џајковски одбележан Денот на независноста на ЕКСПО Осака 2025

Министерство за култура и туризам

Во рамки на ЕКСПО Осака 2025, Република Македонија со специјална програма го одбележа Денот на независноста.

Во културно-уметничкиот дел настапија оперските уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од камерниот оркестар „Ајга“, кои изведоа македонски народни песни во современи обработки на композиторот Сони Петровски.

Со својата интерпретација тие ја пренесоа магијата на македонската традиција на интернационалната публика, соопштија од Министерството за култура и туризам.

Интерес предизвикал и концертот на познатиот џез-гитарист Владимир Василевски – Четкар, чие творештво претставува мост меѓу македонската музичка душа и современите светски звуци, како и настапот на Кирил Џајковски со својот бенд, кој ја претставил државава во едно модерно и глобално прифатливо издание.

фото: Министерство за култура и туризам / Интерес предизвикал и концертот на познатиот џез-гитарист Владимир Василевски – Четкар

Значајна атракција беше изложбата посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге, чиј план за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година претставува историски пример за архитектура и урбанистичко планирање, како мост меѓу културите и народите, велат од Министерството за култура и туризам.

фото: Министерство за култура и туризам

Во македонскиот павилјон, кој бележи просечно по 30.000 посетители дневно, гостите имаа можност да се запознаат со културното наследство, туристичкиот потенцијал, природните убавини, уникатното наследство под заштита на УНЕСКО, како и богатата гастрономска традиција.

фото: Министерство за кутлура и туризам

Со тоа, Македонија се претстави како атрактивна туристичка дестинација подготвена да понуди незаборавно искуство во духот на автентичноста и гостопримството. Со ова претставување, Македонија испрати јасна порака за својата културна разновидност, уметничка креативност и современ дух, презентирајќи се пред светот како земја со богата традиција и отвореност кон иднината, се наведува во соопштението од Министерството.

Поврзани вести