
Сандра Силаѓев, балканска актерка, комичарка и писателка на 20 мај на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) гостува со монодрамата „Сеанса“, која е нејзина трета авторска монодрама.
Во претставата го следиме ликот Јасна, жена во петтата деценија од животот, на психотерапевтска сеанса. Јасна нè води низ гротеската на современиот живот, каде што болката се мери со аплауз, а понижувањето со лајкови. Се отвораат прашања: дали јавната сцена станала колективна терапија?, дали личната болка е нова општествена моќ?
„Сеанса“ е авторска црна комедија која ја надминува рамката на приказна за еден поединец и поставува универзални прашања за здравствениот систем и општеството, наведуваат од МНТ.
Сандра Силаѓев е позната по своите сатирични видеа и театарски настапи.Таа е е една од најпознатите женски комичарки на Балканот, препознатлива по интелигентна сатира, вирални видеа и театарски монолози, а нејзините настапи секогаш се распродаваат со огромна брзина.

Македонски

