Skip to main content

Ретроспективна изложба на Анета Светиева во Даут пашин амам

Во Даут пашин амам в среда, на 21 мај, во 20 часот ќе биде отворена ретрспективната изложба на Анета Светиева.

Ретроспективната изложба на Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи монографијата за Светиева издадена 2023 година, со што се заокружува долгогодишното следење и истражување на богатиот творечки опус на еден од најзначајните македонски скулптори.

Проектот е куриран од Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, во соработка со д-р Ана Франговска, куратор советник, Маја Неделкоска Брзанова, куратор советник и Маја Чанкуловска Михајловска, виш куратор.

Изложбата ќе трае до 31 август

Анета Светиева е родена во Битола 1944 година. Академија за ликовни уметности (1968) и постдипломски студии (1971) година, завршила во Белград.

Во периодот 1965 – 1971, за иновативноста и специфичниот ликовен израз, добива три престижни студентски награди, а потоа и награда на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Во 1974 година се враќа во Македонија. Од 1977 година работи во Институтот за фолклор, 1988 докторира на Филозофскиот факултет во Белград на одделот за етнологија. Во 1990 година се вработува во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што, во 1995. станува редовен професор. Нејзините учества на значајните меѓународни ликовни манифестации, секогаш се проследени со посебно внимание од критиката, како што е случај и со презентацијата на Биеналето за ликовниуметности во Венеција 1997 година, каде што е забележана како автор со специфичен, поинаков пристап во обликувањето на автентично и автохтоно дело надвор од трендовските обележја.

Поврзани вести