Skip to main content

Промовирана книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ во македонскиот КИЦ во Истанбул

Од Егејска Македонија кон Турција се одвиваше миграција којашто принуди илјадници македонски и турски семејства да ги напуштат своите огништа. Синоќа, оваа историска и културолошка тема беше во фокусот на вечерта, во Македонскиот културен центар во Истанбул, каде што се одржа промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, информираа од Македонскиот КИЦ во Истанбул.

Настанот отвори простор за разговор за една од најчувствителните страници од нашата историја, размената на население од 1923 година, која засекогаш ги оттурна луѓето од нивните домови, но не и од нивните сеќавања.

Упатуваме искрена благодарност до проф. д-р Елка Јачева Улчар, за длабокиот увид во јазичните слоеви и културната меморија и Елена Христова, за автентичните теренски искуства и живото сведоштво за македонските заедници во Турција, а посебна благодарност до авторката Суреја Ајташ, чија книга претставува важен придонес во зачувувањето на овие приказни и нивното пренесување кон идните генерации.

Благодарност до сите присутни кои со своето внимание и учество придонесоа оваа тема да добие глас, простор и достоинство.

Поврзани вести