
Вечерва од 19 ч. во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе биде промовиран „Повратник со две лица“, седмиот роман на Ивица Челиковиќ, кој влезе во тесна конкуренција за „Роман на годината“!
Романот отвора сериозни егзистенцијални, морални и филозофски дилеми. Растргнат меѓу копнежот и можноста, вината и искупувањето, главниот лик Нестор залудно се обидува да најде смисла во сенките на сопствената совест и да се ослободи од тежината на минатото. Со мајсторско испреплетување на реалноста и сонот, на минатото и сегашноста, во една напати кафкијанска атмосфера, тој се обидува да го разгатне неразјаснетото загинување на сестра му. Решен да ја открие вистината, повторно влегува во лавиринтот од недокажаности, замолчени сведоци и поткупени адвокати, административни пречки…

Македонски

