
Театарска асоцијација на Јужна Кореја,, Артема – Театарска лабораторија “ПРИКАЗНАТА НА ЕЛЕКТРА”, утре 22.08.2025 / 20 часот ќе биде изведена во рамките на БИТФЕСТ во Народен Театар Битола.
Синоќа претставата имаше премиерна изведба на „Охридско лето“ каде понуди оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство покажувајќи како театарот може да се спои со аудио-визуелната технологија за да се прошири во бескраен простор.
Петте актери со целото свое тело ја изразуваа режисерската намера во краткорочната соработка со режисерот и тимот од различна јазична и културна средина, притоа изразувајќи ги емоциите на своите ликови. Тие не само што ги одиграа своите улоги, туку и се усогласија со технологијата. Во епилогот, режисерот сакаше да пренесе порака за мир и помирување, а не за војна или одмазда, преку ликот на Електра.