Skip to main content

Претпремиера на „Коса: Порои на бес“ – црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек во Театар Комедија

Денеска, на 4 ноември во 20 часот во Театар Комедија е закажана претпремиерата на монодрамата „Коса: Порои на бес“ по текст и во режија на Билјана Радиноска. Во претставата игра Бојан Кирковски, гласот е на Ненад Митевски.

Монодрамата е во продукција на Театар за Магдалена, Бојан Кирковски и Лист Продукција, а поддржана од Министерството за култура и Театар Комедија – Скопје.

„Коса: Порои на бес“ е црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек сместена меѓу стенд-ап и исповед, оваа монодрама ги отвора прашањата за токсичната машкост, социјалната надмоќ и невидливите механизми на агресијата што ја обликуваат нашата секојдневност. Бојан Кирковски актерски отсликува серија на живописни и контрастни ликови – од скитници до милионери – претставата создава колаж од гласови кои, секој на свој начин, се обидуваат да ја задржат контролата во свет што одамна ја изгубил рамнотежата, се вели во најавата за претставата.

„Коса: Пороите на бес“ комбинира хумор и хорор, сатиричност и болка, претворајќи го индивидуалниот немир во општествена дијагноза. Ликовите се смеат, навредуваат, се исповедаат и се распаѓаат, создавајќи еден непрекинат тек на емоции – помеѓу агресија и ранливост, гнев и самоиронија.

Дизајнот на плакатот е на Соња Ставрова, а аудио-монтажате е на Душица Наства.

Првата реприза е на 6 ноември.

Поврзани вести