Skip to main content

Премиера на театарската претстава „Глад“, во режија на Хана Миленковска

На 5 декември (четврток) со почеток од 20 часот во салата 25 мај при Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се одржи премиерната изведба на театарската претстава „Глад“.

Авторскиот тим состоен од режисерката Хана Миленковска, драматургот Калија Киселички и композиторот Ади Имери, ја поставува драмата што се бави со ненаситноста и гладта, од емоционална и физичка гледна точка. Делото се стреми да посочи дека циклусот на гладта не е изолиран, туку дека всушност претставува една вечна борба на човекот и колективите.

Актерите Лео Поповиќ, Дениз Ајдаревиќ, Марко Младеновиќ, Филип Миленкоски и Димитар Паскоски ќе претстават микрокосмос од сложени човечки емоции и односи, во мноштво од контексти, кои на драмско-музички основ ќе ги доближат позициите на (над)моќ, страдание, заедништво и борбена истрајност во еден свет во кој изобилието го уживаат малкумина, додека пак, гладта непрестајно владее.

Во уметничкиот тим се и: илустраторката Матеја Николиќ, дизајнерот на светло Игор Митревски, кореографот Бобан Русески и снимателот и монтажер Исток Чаповски.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија и ЕВН.

Поврзани вести