
В среда, на 26 март во Театар Комедија премиерно ќе биде прикажана претставата „Олд Сејбрук“ на Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ, соопштија од „Перипатија продукција’.
Претставата „Олд Сејбрук“, која е дел од меѓународниот проект ПРОСПЕР и е инспирирана од уметничката резиденција одржана во Охрид, го отвора прашањето за дносот на поединецот кон природата. Двата пара елегантни њујорчани оддаваат впечаток на совршенство и складност, но под таа фасада, под површината, ќе откриеме низа потиснати и скриени тајни, мани и фрустрации. Тргнувајќи од една едноставна ситуација, американскиот сценарист и режисер Вуди Ален ги преиспитува темите на верност и сладострастност, рачните кризи и неверството. Во малку чеховски манир, но низ забавни и неочекувани пресврти и со остар динамичен дијалог, карактеристични за Аленовото перо, се разоткриваат деликатни љубовни односи и се отвораат прашања за простувањето и за новите почетоци.
Во претставата играат: Валентин Костадиновски, Дарја Ризова, Елена Кузманов, Благој Веселинов, Атанас Атанасовски, Маја Љутков и Тони Денковски. Креативниот тим го очинуваат: Тамара Барачков – драматург; Ивана Каранфиловска Угуровска костимографка; Илина Ангеловска – сценографка; Оливер Јосифовски – композитор; Димитриос Сотириу – сценски движења; Крис Јегер – дизајн на светло; Сара Митова – дизајн на плакат.

Во рамките на премиерата, на малата сцена на Театар Комедија ќе биде прикажана и групната меѓународна изложба ПЕРИФЕРИИ, која настана за време на триесетдневната резиденција на осуммина меѓународни уметници кои престојуваа во Охрид во април 2024 година. За време на престојот, тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Охридското Езеро.
На изложбата може да се видат делата на Јара Асмар, Клаудио Беоркија, Јулија Ехлер (Julia Eichler) и Кафар Рзаев, како и перформативно поетско читање на Ката Ѓорфи (во определен термин).
„Олд Сејбрук“ е копродукција помеѓу Перипетија продукција и Театар Комедија, како дел од проектот PROSPER. Проектот е кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, како и од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Проектот го реализираат 5 организации: Перипетија продукција и ЛДА Струга (Македонија), ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија) и Ојун (Германија).