Skip to main content

Познати полуфиналистите за годишните награди на ДПМ

Членовите на анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ги дадоа своите први гласови за пристигнатите дела на конкурсот.

Од вкупно 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 г., во полуфиналниот круг влегуваат следните 8 наслови:

– „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева („ТРИ“)

– „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети („Или-или“)

– „Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“)

– „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева („ПНВ публикации“)

– „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“)

– „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“)

– „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“)

– „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ („ТРИ“)

Од вкупно 16 кандидати за наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ, за најдобра поетска збирка објавена во 2025 г., во полуфиналниот круг влегуваат следните 8 наслови:

– „Царски рез на небото“ од Даниела Андоновска-Трајковска („Матица“)

– „Скршена тишина“ од Елизабета Бандиловска („Бата прес милениум“)

– „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“)

– „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“)

– „Видение на седумте реки: сенки и морници“ од Зоран Пејковски („ПНВ публикации“)

– „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова („Или-или“)

– „Записи на идниот старец“ од Братислав Ташковски („Макавеј“)

– „Вообразби (лирски етиди од некој друг свет)“ од Бранко Цветкоски („Макавеј“)

Од вкупно 13 дела пријавени за наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ, за најдобра книга за деца и млади објавена во 2025 г., во полуфиналниот круг влегуваат следните седум наслови:

– „Тринаесеттиот“ – Лидија Димковска („ТРИ“)

– „Мали приказни за големи сонувачи“ од Владо Димовски („Поинтер“)

– „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети („Или-или“)

– „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски („Арс Ламина“)

– „Стапка по стапка, од Дојран до Попова Шапка“ од Васил Мукаетов („Панили“)

– „Додо, вонземјанинот и мачорот“ од Фросина Пармаковска (самиздат)

– „Орден и значки“ од Стојан Тарапуза („Панили“)

За наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2025 г. се пријавени четири дела, кои воедно се сметаат за финалисти:

– „Филмско око“ од Игор Анѓелков („Или-или“)

– „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова-Чепишевска („Матица“)

– „Враќањето на Орфеј“ од Сузана В. Спасовска („Полица“)

– „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева („Сивејан“)

За наградата „Мост“ на ДПМ за 2025 г., за книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија, пријавени се следните три дела:

– “Embsuame Paskajore” („Инфинитивна поука“) од Ахмет Селмани („Академска мисла“)

– “Pronicanje tišine” („Проникнување на тишината“) од Љерка Тот Наумова („Академска мисла“)

– “Atdheu: burrë pa grua” („Татковината: маж без жена“) од Каљош Челику („Сојуз на писатели Албанци на Македонија“)

Во наредните денови, членовите на жири-комисиите ќе гласаат за делата што ќе влезат во најтесен избор. Финалистите за наградите „Стале Попов“, „Ацо Шопов“ и „Ванчо Николески“ ќе бидат познати на 3 февруари, додека добитниците на сите пет награди ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи на 10 февруари. Врачувањето на наградите традиционално ќе се одржи на 13 февруари 2026, денот на кој ДПМ оваа година ќе одбележи 79 години од своето постоење.

Поврзани вести