Skip to main content

Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути

Со рекордна брзина и огромен интерес од публиката, билетите за отворањето на 54.Мајски оперски вечери се распродадоа за само 30 минути. Овој резултат уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како еден од најзначајните културни настани во земјата и регионот.

Но, ова е само почеток. Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до длабоката емоција на „Мадам Батерфлај“, потоа елеганцијата и трагедијата во „Травијата“, и завршувајќи со спектакуларното финале „Набуко“, секоја вечер е дел од внимателно креирана приказна што ќе го заокружи месец мај.

Публиката веќе покажа дека знае да препознае квалитет. Брзата распродажба на отворањето е јасен сигнал дека интересот за останатите претстави ќе продолжи со исто темпо.

Организаторите упатуваат повик до љубителите на уметноста, да не чекаат. Затоа што Мајските оперски вечери не се само настан, туку искуство што се мора да се доживее и што се памети.

Поврзани вести