Skip to main content

„Охридско лето“ утре организира бесплатен Свечен новогодишен концерт во Охрид: Оваа година ја заокружуваме со музика што возвишува

На 20 декември во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Свечен новогодишен концерт во организација на „Охридско лето“.

Оваа година ја заокружуваме со музика што возвишува. На нашата сцена ќе блеснат двајца исклучителни уметници:

Франческо Барбаџелета – италијански пијано виртуоз со беспрекорна техника и емоционална длабочина што ја претвора секоја нота во чиста магија.

Рамирез Дроз Реиналдо Елаис – шпански тенор со впечатлива моќ, топлина и драматичен израз што остава без здив.

Публиката ќе ужива во вечни дела и арии како La donna è mobile, Pourquoi me réveiller, Nessun dorma, интермецата од Manon Lescaut и Madama Butterfly, како и незаменливите канцони Mattinata, Torna a Surriento, Non ti scordar di me, Mamma и O sole mio.

Влезот е бесплатен – наш мал подарок за верната публика. Благодарни сме за вашата доверба, љубов и поддршка низ годините.

Со музика, радост и уметност која трансформира ја затвораме 2025 и поттикнуваме надеж дека новата година ќе донесе уште повеќе инспирација и културен развој.

Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис  на 20. декември ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20 часот.

Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат уметник познат по својата беспрекорна техника, префинета музичка чувствителност и умешност да создаде вистинска магија преку клавијатурата. Неговата изведба е комбинација од емоционална длабочина, елегантна артикулација и исклучително уметничко присуство, што го прави омилен на концертните сцени ширум светот.

Screenshot

Тенорот Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, пак, плени со својата топла, моќна и богата вокална боја, како и со исклучителниот драматичен израз што го внесува во секоја изведба. Неговата интерпретативна зрелост, прецизноста и впечатливата сценска харизма го вбројуваат меѓу оние уметници чии настапи се доживуваат со восхит и длабока емоција.

Вечерта ќе биде исполнета со дела кои ќе ја истакнат нивната музичка уникатност и заемна уметничка енергија, создавајќи атмосфера на возвишеност и истенчена естетска убавина преку пијано изведбата на интермецата на Manon Lescaut и Madama Butterfly,  ариите La donna è mobile, Pourquoi me rеveiller, Nessun dorma и многу други.Исто така, на репертоарот ќе бидат и вечните канцони Mattinata, Torna a Surriento, Non ti scordar di me, Mamma и незаменливата O sole mio.

Влезот за концертот ќе биде бесплатен, како како подарок за верната публика на „Охридско лето“.  

Ова е нашиот начин да изразиме благодарност за довербата, поддршката и љубовта што ни ја даваат љубителите на врвната уметност“, велат од  оваа Национална установа.

Поврзани вести