
Претставата која е од најсвежата продукција на МНТ, го доживува својот успех и надвор од границите.
Овојпат, директорот Никола Кимовски со особена чест го прифати ова гостување да се случи на 4 јуни 2025 година. Претставата со фантастичната актерска екипа ќе се одигра на сцената „Раша Плаовиќ“.
Ова е едно позитивно надополнување во патувачката агенда и организираната турнеја на Македонскиот народен театар, кое дава посебна динамика, ги обединува уметничките изрази, културните разлики и емоционалните искуства на различните сцени. За актерите, продукцискиот тим, пред сѐ за публиката, тоа е исполнување на инспиративни, креативни предизвици. Секој нов град и секоја нова публика носи нови искуства и возбуда кои го трансформираат и го осветлуваат доживувањето на уметноста. Таа е мост меѓу различни култури и традиции, овозможувајќи размена на идеи, информираат од МНТ.