Skip to main content

МНТ со „Народен пратеник“ и „12“ ја почнува балканско-европската турнеја

Македонски народен театар

Во рамки на одбележувањето на 80. јубилеј од постоење на Македонскиот народен театар (МНТ), установата почнува со турнеја на најактуелните претстави од големата и малата сцена – „12“ по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов и „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Првата турнеја почнува вечер, со гостувањето во Црногорско народно позориште – ЦНП, Подгорица, каде што ќе се одигра „Народен пратеник“.

Предвидени се два блока на гостувања, надвор од границите како и во нашата земја.

Како што е најавено, утре во Црногорско народно позориште – ЦНП ќе се одигра и претставата „12“. По настапот во Црна Гора, на 11 април следи гостувањето на „Народен пратеник“ и на 12 април со претставата „12“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

На 15 април со претставата „12“, МНТ ќе биде дел од фестивалската програма „5РЕ“ во Велес.

Огромна чест е да се учества на 70. „Стериино позорје“, Нови Сад, каде што на 1 и 2 јуни пред новосадската публика ќе се одигра претставата „Народен пратеник“. Претставата „12“ на 17 јули ќе биде дел од програмата на „Охридско лето“, а истата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во вториот блок, во текот на септември предвидено е гостувањето со претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, во Националниот театар (Nemzeti Színház), Будимпешта, Унгарија, соопштија од МНТ.

Гостувањето во театарот „Иван Вазов“ во Бугарија ќе се случи наесен, оваа година, со претставата „Народен пратеник“

Поврзани вести