Skip to main content

МНТ по 22 години на „Стериино позорје“, вечерва гостува со „Народен пратеник“

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин, вечерва, на први јуни и утре, на втори јуни учествува на 70. „Стериино позорје“, Нови Сад.

Овогодишното 70. „Стериино позорје“ се одржува од 26 мај до 3 јуни, под мотото „Создавање историја/менување на иднината“. Освен МНТ, во натпреварувачката програма учествуваат и: Загребачко казалиште младих, Црногорско народно позориште, Атеље 212, Југословенско драмско позориште, Српско народно позориште, Нови Сад и други.

Последен пат националниот театар учествуваше на „Стериино позорје“ пред 22 години.

„Народен пратеник“ на Савин премиерно беше изведена во МНТ на 25 јануари годинава, а во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска и Александар Михајловски (снимен глас).

Поврзани вести