Skip to main content

Михајло Грбевски – Мишко на 11 октомври ќе ја промвира „Rock N` Beat“ во „Калинка“ во Прилеп

Димитар Петровски

Промоција на книгата „Rock N` Beat“ на Михајло Грбевски – Мишко, која содржи 50 интервјуа со македонски, балкански и светски музички имиња главно од рокенрол сцената, ќе се одржи оваа сабота (11 октомври) од 12 часот во клубот „Калинка“.

Во книгата има интервјуа со Армен Сурмејан, Влатко Стефановски, Горан Трајковски, Кирил Џајковски, Петар Младеновски, Кирчо Арсовски, Душан Којиќ-Која, Давор Гобац, Милан Фрас (Laibach), Џони Ротен (Sex Pistoils / PIL), Ијан Гилан (Deep Purple), Дејвид Ковердејл (Whitesnake), Били Гибонс (ZZ Top) и многу други.

Промоцијата ќе биде збогатена и со сешн-свирка од локални музичари.

Поврзани вести