Skip to main content

Манифестацијата „Љубов за сите“ во чест и спомен на уметницата Андријана Мациев

ЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп

На 14 мај, в среда, во 19,30 часот во фоајето од Центарот за култура ,,Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи манифестација ,,Љунов за сите”, во чест и спомен на големата македонска уметница Андријана Мациев, која почина пред три години.

На манифестацијата ќе бидат изложени 20 дела од 3 ликовни циклуси на уметницата Андријана Мациев: „Живот во бои“, „Женски приказни“ и „Шарени вибрации-Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се“.

Воедно ќе бидат промовирани двата алманаха, со наслов „Љубов за сите“, пишувани од група автори, инспирирани и вдахновени од земниот и небесниот живот на Андријана Мациев, олицетворение на Ангел Небесен.

фото: Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

Манифестацијата се одржува по повод три години од заминувањето на Андријана Мациев.

Андријана замина во вечноста на 12 мај 2022 година, но нејзиниот лик и дело се инспиративни и чудесно живи и денеска, па затоа на 14 мај, ќе одбележиме три годишнина од нејзиното заминување, со оваа пригодна манифестација во чест на саканата, почитувана, величествена уметница Ан – Андријана Мациев, која учествуваше и на меѓународната ликовна колонија Дрен – велат од ЦК „Марко Цепенков“.

На присутните ќе се обрати и нејзината мајка Јулија Мациевска. На манифестацијата ќе земат учество и истакнати ликовни уметници, поети и вокални солисти.