Skip to main content

Константин Солак вечер на „БитФест“ има прва самостојна изложба „Декларација на вредност“

 Младиот уметник од Битола, Константин Солак вечер на „БитФест“ ќе ја промовира првата самостојна изложба „Декларација на вредност“.

Станува збор за изложба на слики, цртежи и фотографии, кои до 15 август ќе бидат изложени во културниот центар „Магаза“.

Константин Солак (19) е првенец на генерацијата во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Учествувал на бројни конкурси и е добитник на награди за авторски фотографии, слики и кратки филмови.

Од прес центарот на битолско културно лето „БитФест“ соопштија дека младиот уметник Константин Солак работел на повеќе проекти во соработка со здруженија и амбасади, меѓу кои амбасадите на Италија и Холандија.

Поврзани вести