Skip to main content

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ Истанбул

Во рамки на есенската сезона, македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот на Македонскиот брас квартет (Macedonian Brass Quartet), кој ќе се одржи на 4 ноември 2025 година (вторник) во 19 часот, во просториите на Македонскиот културен центар.

Македонскиот брас квартет е составен од четворица истакнати музичари – членови на Националната опера и балет: Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон). Формиран во 2013 година, ансамблот бележи бројни настапи во повеќе македонски градови и фестивали, а истанбулската публика ќе има можност да ужива во избрана програма со дела од Хендл, Верди, Моцарт, Равел, Корсаков, Пјацола и Зографски.

Концертот претставува дел од континуираните активности на Македонскиот културен центар во Истанбул насочени кон промоција на македонската музичка уметност, дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести