Skip to main content

Клуб на читатели посветен на „Зентрифуга“ од Иван Шопов во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Февруари го завршуваме со Клубот на читатели посветен на збирката раскази „Зентрифуга“ од Иван Шопов, соопштуваат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

„Зентрифуга“ е книга на месецот, а по неверојатно забавниот разговор со авторот, читателите в четврток ќе имаат можност да ги споделат впечатоците од оваа по многу нешта посебна книга, издание на Бегемот 

Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели се препознатливите сегменти од нашата голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.

Клубот посветен на „Зентрифуга“ е закажан за в четврток во 18 часот во Одделот за литература за деца и млади. Модератор е нашиот колега Бобан Ристевски, библиотекар.

Поврзани вести