Skip to main content

Клуб на читатели посветен на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Фејсбук Библиотека „Браќа Миладиновци“

Март го заокружуваме со Клубот на читатели посветен на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска, соопштија од ГБСК „Браќа Миладиновци“.
„Светот што го избрав“ е книга на месецот во ГБСК, дел од големата кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори, во чии рамки на 5 март имавме неверојатно искрен и инспиративен разговор со авторката Малеска 📃
Во меѓувреме книгата ја доби и нарадата Роман на годината, па со уште поголемо задоволство ја истакнуваме важноста на нашата кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори, како и на улогата на библиотеката во следењето и поддршката на актуелната македонска книжевна продукција 

Клубот на читатели е в четврток (27 март) во 18 часот, а модератор ќе биде нашата колешка Санда Пешиќ, библиотекар.

Поврзани вести