Skip to main content

Изложбата „Агапе“ на Горјан Ѓорѓиев од денеска во галеријата „Метаноја“

Галеријата  „Метаноја“ вечерва ја отвора изложбата „Агапе“ на Горјан Ѓорѓиев .

За изложбата д-р Коста Милков вели, „Сликите на Горјан Ѓорѓиев се стилска и тактилна алхемија при што медиумот на боите ја има функцијата на „Филозофскиот камен“, митолошкиот елемент кој неблагородните метали ги претвора во благородни и еликсир кој ги исцелува сите болести и дава долговечност. … Во христијанска смисла „Филозофскиот камен“ е метафора за „агапе“. … Пред сѐ, Ѓорѓиев е автентично свој како сликар и сликарскиот „потпис“ е специфично негов. Оваа своја автентичност тој ја реализира комбинирајќи разни уметнички стилови, од византискиот код на иконописната  традиција, преку наивата, па сѐ до експресионизмот, надреализмот и неоекспресионизмот.  Сите овие вдахновенија и влијанија Ѓорѓиев ги вткајува во своето сликарство. Секое од нив тој го  преосмислува и го преобразува. Така, склопот на овие ликовни традиции, секоја од нив препознатлива, во неговите дела се вклопуваат во автентично дело при што целината е далеку поголема од збирот на нејзините делови.“

Горјан Ѓорѓиев е роден во 1965 година во Скопје. Тој е истакнат уметник чие творештво е презентирано низ бројни самостојни и групни изложби во земјата и странство. Во текот на својата кариера, Ѓорѓиев се афирмирал преку учество во значајни изложбени простори и културни институции. Со своето континуирано присуство на уметничката сцена, Горјан Ѓорѓиев ја потврдува својата важност како современ македонски уметник

Поврзани вести