Skip to main content

Изложба на слики од Илија Дојков вечерва во Кавадарци

Музеј Галерија Кавадарци/Плакат за изложбата

Изложба на слики од Илија Дојков ќе биде отворена вечерва во Музеј галеријата во Кавадарци.

Илија Дојков е дипломиран графички дизајнер кој активно се изразува и во традиционалната уметност, вклучувајќи сликарство, цртеж, фотографија и тетовирање. Во неговото творештво преовладува играта на светлина и сенка, преку која ја истражува човечката природа, идентитетот и границите на општествените норми, соопштија од кавадаречкиот музеј.

Оттаму појаснија дека тој завршил средно училиште за ликовна уметност и дизајн, смер графика, а дипломирал дизајн и мултимедија, графички дизајн.

Неговите дела биле дел од повеќе изложби.



Поврзани вести