Skip to main content

Изложба на костими „Скроени приказни“

Следејќи го кројот на работилницата „Вовед во сценска костимографија“, под менторство на истакнатата костимографка Марија Пупучевска цртавме, конструираме и реконструиравме костими.

По многу успешни шевови и безброј загубени шнолки, со голема радост Ве покануваме на изложбата која произлезе од работилницата. Оваа изложба ја склопивме имајќи на ум дека костимите не се само облека – тие се дел од сценскиот простор кој раскажува приказна, пренесува расположенија и го проширува значењето на театарските претстави. Преку оваа работилница, учесниците се запознаа со историјата, теоријата и креативниот процес на дизајнирање сценски костуми.

Изложбата ги претставува нивните дела – резултат на инспирација, посветеност и новостекнати вештини.

Кога: 04.02.2025 во 19.00 часот
Каде: КСП Центар – Јадро

На изложбата, со свои дела ќе се претставата:

Марија Пупучевска, костимографка и менторка на работилницата
Марија Аргировски, учесничка
Елена Билбилоска, учесничка
Марија Бошковска, учесничка
Еми Дамјановик, учесничка
Марија Ѓоргиевска, учесничка
Софија Кирјази, учесничка

Дојдете да ја погледнете магијата на сценската костимографија!, велат организаторите.

Поврзани вести