Skip to main content

Во Кинотека се одржа работилница за јапонски куклен театар бунраку

Амбасада на Јапонија во Македонија

На 30. јуни се оддржа работилница и Бунраку демонстрација во Кинотека. Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираа од Амбасадата на Јапонија во Македонија.

Настанот започна со поздравни обраќања на амбасадорката Кавахара и деканот Владимир Павловски, по што следуваше извонредна изведба и работилница посветени на театарската уметност, во кои преку префинета куклена игра и богата нарација оживеаја приказни стари со векови.

фото: Амбасада на Јапонија во Македонија

Бунраку е јапонски професионален куклен театар. Развиен главно во текот на 17 и 18 век, тој претставува една од четирите форми на јапонскиот класичен театар, покрај кабуки, но и кјоген.

Терминот „бунраку“ потекнува од „Бунраку-за“, името на единствениот комерцијален театар за бунраку што опстанал до денес.. Бунраку е познат и како „нингјо џорури“, назив што упатува на неговото потекло и суштина. „Нингјо“ значи „кукла“, а „џорури“ е стил на драмско наративно пеење придружено со трожичниот инструмент шамисен.

Заедно со кабуки, бунраку се развивал како дел од живата трговска култура на периодот Едо (1600–1868). Иако користи кукли, бунраку не е детски театар.

фото: Амбасада на Јапонија во Македонија

Од околу 700 драмски дела создадени во периодот Едо, приближно 160 останале во денешниот репертоар. Претставите, кои некогаш траеле цел ден, денес се скратени од првичните шест на два или три чина. Нингјо Џорури Бунраку е прогласен занематеријално културно богатство на Јапонија во 1955 година, а во 2008 година е впишан на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО (првично прогласен во 2003 година).

Поврзани вести